МОМЧЕТО ОД 23 ГОДИНИ ШТО БЕШЕ НАЈДЕНО МРТВО ВО ФИРМА ВО СКОПЈЕ - починало како последица на пад на лифт за транспорт на стока
Дваесет и тригодишното момче кое беше најдено мртво во фирма на булеварот „Србија" во Скопје починало како последица од пад на лифт за транспорт на стока. Според информации на МКД.мк за сега случајот се води како несреќа. Од Обвинителството во врска со настанот на порталот Мкд.мк им одгвориле дека се издадени повеќе наредби за утврдување на причините за, како што велат од таму, несреќата. На местото на настанот бил повикан и Државниот инспекторат за труд кој треба да ја провери исправноста на лифтот.
„Надлежен јавен обвинител веднаш по настанот издаде повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. Освен издадената наредба за обдукција на починатиот, повикан е Државниот инспекторат за труд да изврши детална контрола на работењето на фирмата, како и техничка инспекција да ја провери исправноста на лифтот. Доколку при проверките од соодветните институции биде утврдена кривична одговорност, тие своите извештаи ќе ги достават на надлежно постапување на јавното обвинителство", стои во одговорот од Обвинителството до МКД.мк.
Слично
