Економија, финансии, бизнис

Контакт

Момчето кое се шегуваше со Брзата помош е 25 годишник од Јурумлери

Момчето кое се шегуваше со Брзата помош е 25 годишник од Јурумлери

Расчистен е случајот со видео во кое момче се шегува со Брзата помош. 

Полицијата го пронајде момчето кое се шегуваше со Брзата помош, и снимаше видео за Тик Ток. 

Момчето од видеото е на возраст од 25-години и е од скопско Јурумлери. 

Се јавуваше во Брза помош и на шега прашуваше дали е тоа пожарна. 

Момчето постапило спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, поточно член 16, затоа што лажно повикувало на помош и пријавувало настан.

Момчето вчера е повикано во полициска станица и раскажало дека повикот го снимило на 13 септември во 2 часот наутро, во парк во Аеродром.

Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Ова не е прв ваков случај. 

Претходно, на Тик Тик момче од скопско објави како пали шума, по што беше пронајдено. 

И двата случаи наидоа на осуда од јавноста. 

Корисниците на социјалните мрежи намерно ги споделуваа масовно, со цел полицијата да ги пронајде и казни. 

Граѓаните реагираа дека тие неколку минути некого го чинат живот, додека момчето се шегува со Брзата помош. 

Слично

Поврзани вести