Економија, финансии, бизнис

Контакт

Момчето кое ја обезбеди донацијата од Кина за Македонија, сега договара помош и за други земји во светот

Момчето кое ја обезбеди донацијата од Кина за Македонија, сега договара помош и за други земји во светот

Филип Ивановски е човекот кој преку свои лични контакти во НР Кина успеа да излобира донација на десетици илјади маски и друга медицинска опрема за нашата држава. Тој тоа го најави уште пред еден месец, а истото се оствари доцна синоќа со пристигнувањето на кинеската помош на аеродромот во Скопје. Но, Ивановски не застанува тука и сподели дека во моментов договара медицинска помош и за други земји како Уганда и Грузија. Неговиот фејсбук статус го пренесуваме во целост:

„Благодарност до Министерството за надворешни работи што се одзва на мојот повик и побара дополнителна медицинска помош од Кина. Ако првично требаше да добиеме само респиратори од Кинезите, после овој потег на МНР, Македонија дополнително добива 30.000 медицински маски (вклучително 10.000 Н95 и 20.000 хируршки маски), 5000 тестови за КОВИД-19, 5000 заштитни скафандери, 10.000 медицински очила, 20.000 пара ракавици и 10.000 парчиња за заштита на чевлите“, вели Ивановски.

Тој додава дека оваа донација ќе им помогне на нашите лекари, епидемиолози и останати здравствени работници да се справат со коронавирусот и да спасат што е можно поголем број на животи. 

„Големо благодарам и на моите пријатели во Кина, но и на целиот кинески народ кој во овие тешки моменти ни подаде рака“, се заблагодарува Ивановски.


Слично

Поврзани вести