Економија, финансии, бизнис

Контакт

Момче во Тетово претепано до бесвест

Момче во Тетово претепано до бесвест

Крвава пресметка меѓу млади лица во Тетово заврши со тешки повреди за едно нападнато момче од поголема група на насилници.

„Во 04 часот и 30 минути две лица од Тетово, 22-годишниот О.С. и 22-годишниот С.С. во Полициската станица во Тетово пријавиле “насилство“ од 17- годишно момче со иницијали Д.Р. и уште четири други малолетни лица.

Според пријавата, додека двајцата пријавители со уште една девојка околу 02 часот и 15 минути се движеле покрај угостителски објект во Тетово забележале мешаница во која учествувале повеќе лица, меѓу кои бил и нивен познаник, на кого се обиделе да му помогнат бидејќи физички бил нападнат од групата.

Во тој момент групата се нафрлила врз нив со клоци и тупаници, од што О.С. паднал и загубил свест, велат од МВР.

Двајцата нападнати добиле лекарска помош во тетовската болница. Се работи на расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести