Економија, финансии, бизнис

Контакт

Момче со нож се заканувало на лекар во Гостивар

Момче со нож се заканувало на лекар во Гостивар

Момче ноќеска се заканувало со нож на лекар во гостиварската болница. 

Во Ургентното одделение на Медицинскиот центар во Гостивар во 1.50 часот дошол Б.Х. (23) од село Градец со негов другар и од лекарите побарал да му се укаже лекарска помош на неговиот другар бидејќи бил пијан. 

Откако лекарот Љ.С. (28)  му кажал на пијаниот да го легне на креветите, Б.Х. почнал да го навредува и да му се заканува на докторот, а потоа извадил и нож. Откако ситуацијата се смирила, е повикана полиција. 

Полициски службеници го пронашле ножот во просторија на МЦ Гостивар, а од Б.Х. била земена крв и урина. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.


Слично

Поврзани вести