МОМЧЕ ОД СТРУМИЦА ЦЕЛА НЕДЕЛА Е ИСЧЕЗНАТО: Се споделува апел на социјалните мрежи за пронаоѓање на Марко
Од синоќа се споделува апел за помош и пронаоѓање на момче од Струмица, кое, според пишувањата, исчезнато е една недела.
Неговото исчезнување било пријавено во полиција.
„На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.“ стои во билтенот на МВР.
Според информациите од МВР, момчето излегло од државата, во соседна Бугарија каде што живее неговата мајка.
Слично
