Момче од прилепско го запалило татко си, па го гаснело со ќебе
Прилепчанец го запалил татка си, по што го гаснел огнот со ќебе.
Полицијата го приведе Т.И.(20), од прилепско село затоа што го нападнал својот 51-годишен татко. Двајцата се расправале, по што момчето со запалива течност го полеало и запалило татка си, а потоа веднаш со ќебе го изгасил огнот. Таткото се здобил со изгореници, констатирани во ГОБ Прилеп. Полицијата го задржа синот во полициска станица. Во полициските билтени често има пријави за насилство во кругот на семејството.
Слично
