Момче од Октиси се удавило во Охридско Езеро
Дваесетгодишник од Октиси се удавил во Охридско Езеро кај „Машка плажа“ во Струга.
Полицијата во Струга соопшти дека кај нив е пријавено дека кај „Машка плажа“ во водите Охридското Езеро е забележано безживотно машко тело.
Телото веднаш било пренесено во Општата болница во Струга, каде доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство.
Од СВР – Охрид велат дека утврдено е дека се работи за С.С.(20) од струшкото село Октиси. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот и околностите поради кои настапила смртта.
Слично
