Економија, финансии, бизнис

Контакт

Момче од Неготино се повреди во Грција, задржано е на клиника во Солун и е потребна помош

Момче од Неготино се повреди во Грција, задржано е на клиника во Солун и е потребна помош

Момче од Неготино се повредило во Грција, и сега е потребна финансиска помош за негово лекување. 

Велосипедистот и планинар Јани Иванов (18) од Неготино, кој се здоби со тешки повреди на ‘рбетот за време на еднодневната екскурзија во соседна Грција, ќе добие финансиска помош од 60.000 денари од општинскиот буџет. Веста за ,,Фокус” ја потврди градоначалникот д-р Горан Стојанов, кој појаснува дека тоа е сумата која според прописите се доделува како помош за лекување во странство.

Како што вчера раскажаа блиски пријатели на повреденото момче, тоа е хоспитализирано на клиника во Солун, каде му се извршени две комплицирани хируршки интервенции, а следувале уште најмалку две операции за кои се потребни големи суми. Во градот ќе има хуманитарни активности. 

Слично

Поврзани вести