Moмче од Македонија се удави во Црна Гора
Македонец се удави во Црна Гора. Младо момче од Македонија се удави денеска околу 18 часот на плажата Утјеха кај Бар, јавува порталот Приморски.ме.
Според информациите на овој портал, 22-годишниот млад човек денеска пристигнал во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде требало да работи сезонски.
На телото немало траги на насилство.
Треба да се утврди причината за смртта, а обвинителот ќе нареди обдукција пренесе порталот.
foto freepik.com
Слично
