Економија, финансии, бизнис

Контакт

Момче од Лабуништа е повредено од струен напон на оградата од својот двор

Момче од Лабуништа е повредено од струен напон на оградата од својот двор

Како што соопшти денеска СВР Охрид, малолетник од струшкото село Лабуништа e повреден од струен напон на оградата од својот двор. 

Во полициското одделение Велешта, синоќа во 21 часот и 10 минути е пријавено дека во приватна здравствена установа во селото Подгорци, со повреди е донесен малолетник од селото Лабуништа.

„Полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека малолетникот се здобил со повредите во својот двор при допир на ограда до која имало ниско поставени жици од далновод. За настанот, известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот“, вели портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, пренесува МИА.

Надлежните истражуваат како дошло до пренос на електрична енергија на оградата. 

Слично

Поврзани вести