Момче од Грчец нападнало жител од истото село, а потоа и полицаец
Жител на селото Грчец прво нападнал сосед, а потоа и полицаец.
Полициски службеници од Полициската станица Карпош, вчера во 07:17 часот на ул.„Прашка“ во Скопје, го лишиле од слобода Е.И.(26) од Грчец, скопско, затоа што со остар предмет му нанел повреда на З.Љ.(37) од истото село. Подоцна, во Полициската станица Карпош тој физички нападнал и полициски службеник. По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Слично
