Момче од демиркаписко пријавило дека со злоупотреба на неговите податоци земале брзи кредити од над 200.000 денари
Во ОВР Неготино, вчера во 9 часот и 45 минути, 18-годишник од демиркаписко, пријавил дека во октомври или ноември 2025 година, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добил паричен надомест, но до пријавување на настанот не бил повикан да дели пакети ниту добил пари. Тој се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво.
Во меѓувреме добил писмо од финансиско друштво за отплата на кредит, подигнат на негово име во висина од 215.731 денари, за кој се сомнева дека истото лице го подигнало со злоупотреба на личната карта.
Ваквите измами трајат со години, и иако беше ветено дека државата ќе стави крај на злоупотребите, сепак во полициските билтени повторно има пријави за земени брзи кредити на основа на злоупотребени лични податоци.
Слично
