Момче на 14 години почина од откачен бојлер во населбата Маврови Анови
Момче на 14-годишна возраст починало откако врз него паднал откачен бојлер во населбата Маврови Анови.
Трагичниот настан го пријавила мајката Д.Ѓ.(55) во 18:00 часот во полициско одделение Маврово.
“Според пријавата малолетникот се здобил со повреди и починал откако врз него паднал бојлер во куќата во населбата Маврови Анови”, информираат од СВР Тетово.
Од МВР известуваат дека за настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.
Слично
