Економија, финансии, бизнис

Контакт

Момче избодено во гради

Момче избодено во гради

Три момчиња се степале пред сендвичара во Тетово вчера околу 22.50 часот, при што едно од момчињата, 19-годишник завршил со убодна рана во градите и е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. 

„На 04.08.2018 година во 22,50 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Маршал Тито“ пред сендвичара дошло до меѓусебна тепачка помеѓу М.П. (25) од с.Н.Село-Тетово, од една страна и Н.Р. (18) населбата Дреновец-тетовско и В.Б. (19) од с.Церово-тетовско од друга страна, при што со убодна рана од нож во пределот на градниот кош се здобил В.Б. Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, од каде по укажаната лекарска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“во Скопје“- соопштија од МВР.

За настанот, како што велат од таму, бил известен Јавен обвинител.

Слично

Поврзани вести