МОЛКОТ ПОЧНУВА: Владата секоја дезинформација ќе ја демантира на социјалните мрежи
Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, денеска изјави дека Владата ќе го почитува предреферендумскиот молк кој почнува вечерва, но дека секоја дезинформација ќе ја демантира на социјалните мрежи.
„Искуството за време на кампањата покажа нагласено присуство и ширење на лажни вести, дезинформации и говор на омрза како и креирање на вести врз основа на полуинформации. Сето ова претставува длабоко поткопување на демократските процеси во државата, ширење на дискриминација и омраза на штета на граѓаните како и дискредитација на институциите. Владата во согласност со принципот добро владеење и дека сме засегната страна најавува дека ќе го почитува предреферендумскиот молк и дека ќе се воздржи од активности кои имаат поврзаност со референдумот и со изјаснувањето на граѓаните во наредните 48 часа почнувајќи од полноќ вечерва“ – кажа Бошњаковски денеска на прес конференција.
Сепак, вели Владата е целосно свесна дека просторот на социјалните медиуми е изложен на креирање на лажни вести и дезинформации со цел обид за манупулација на граѓаните.
