Молк во ВМРО-ДПМНЕ за лустерите
Поминаа повеќе од 24 часа откако пратеникот Јохан Тарчуловски објави дека лустерите од палатата „Христо Татарчев“, односно седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, се преселени во црквата во Љубанци, а од најголемата опозициска партија никој не даде коментар, ниту официјално ниту неофицијално, за донацијата.
Единствено е познато, според информациите кои ги сподели Тарчуловски, дека лустерите се поставени во внатрешноста на црквата со одобрение на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Засега единствено има одговор од Специјалното јавно обвинитесво од каде што за случајот „Талир“ потврдија дека замрзнат е само недвижниот имот од седиштето, а не и предметите во него.
Инаку лустерите се набавени од странство за ентериерот на т.н. „белиот дворец“, кој е коментиран во јавноста како луксузно здание.
Невладината организација „ЦИВИЛ“ нотира дека се работи за донација за време на изборна кампања, што е спротивно на законите.
Од партијата не прецизираат колку работи од седиштето донирале и на кого
