Молк околу новите „бомби“: Кој ги „тресе“ партиите пред избори?
Само неклку дена пред претседателските избори во Северна Македонија, на руската социјална мрежа „Вконтакти“, се објавени прислушувани разговори на поранешни и сегашни функционери, аналитичари и претставници на јавни фирми.
Еден од разговорите наводно е помеѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сегашниот шеф на полицијата Спасовски. Објавени се разговори и помеѓу Фрчкоски и Муслиу, Бранко Црвенковски и негов соработник, и поранешен директор на македонски електрани.
За сега не е познат периодот во кој се воделе овие разговори, кои на руската мрежа ги објави корисник под името „Илија Громовник“. Овие разговори, кои се познати како „Бомби“ досега не се објавени во јавноста а СЈО ќе проверува дали истите ги имаат во „колекцијата“ .
Имено, во недела се одржуваат претседателски избори, а до утринава ниту една од партиите не се одважи да каже нешто околу новите бомби.
