Економија, финансии, бизнис

Контакт

Молк од Кривичен за притворот на Груевски, a страната каде се соопштуваат одлуките не функционира

Молк од Кривичен за притворот на Груевски, a страната каде се соопштуваат одлуките не функционира

Повеќе од четири часа веб страната на Основниот суд си игра „падни стани“. Токму таму сите чекаат да биде соопштена одлуката на Кривичен од каде денеска има молк.

Се молчи за притворот на екс премиерот и уште неколкумина обвинети во случајот „Титаник“.

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, е обвинет во пет случаи. Но само за Титаник, СЈО бара притвор за него. Груевски е обвинет за злосторничко здружување, злоупотреба на финансирање на изборна кампања и повреда на избирачко право.

Тој е обвинет и во случајот Т.Н.Т, за уривањето на објектот Космос на бизнисменот Фијат Цаноски, дека ја злоупотребил службена должност и овластувања. За овој случај СЈО не бара никакви мерки за обезбедување.

Во случај Кривичниот совет да одлучи позитивно по барањето на СЈО, за Груевски прво треба да побара од Собранието да му се укине пратеничкиот имунитет. Одлуката се носи со просто мнозинство.

Досега судот ги одби сите барања за притвор на СЈО а одредени се само мерки за претпазливост.

Слично

Поврзани вести