Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Молчeњето по ова прашање е недозволиво“: Ристовски за данокот кој се побарува од жителите на Куманово кои работеле во Ирак и Авганистан

„Молчeњето по ова прашање е недозволиво“: Ристовски за данокот кој се побарува од жителите на Куманово кои работеле во Ирак и Авганистан

По објавата дека Управата за јавни приходи побарува средства од граѓани кои добивале плати од странски сметки, за подмирување на даноците, зачестија коментарите во јавноста. 

Дел од претставниците на опозициските партии бараат поддршка за жителите на Куманово, кои најавија и протести против оваа одлука на УЈП, со образложение дека работеле во Ирак и Авганистан, во тешки услови со опасност по нивните животи, и дека било ветено дека нема да има трошоци кон државата. 

- Почитувани пратеници од Куманово, Почитуван градоначалник и советници на Општина Куманово, јавно и недвосмислено ве повикувам да го соопштите вашиот став во врска со наплатата на данок од нашите сограѓани – печалбари кои работеле во Авганистан и Ирак, за периодот од 2020 до 2025 година.

Молчeњето по ова прашање е недозволиво. Станува збор за луѓе кои со години работеле во тешки и опасни услови, а денес се соочуваат со финансиски и правни притисоци без јасно објаснување и транспарентна постапка - напиша Дарко Ристовски, претседател на општинската организација на СДСМ на Куманово, на неговиот Фејсбук проифил. 



Воедно тој уште од вчера објави дека го поддржува собирот на Кумановчани и посочи дека „Данокот што УЈП го бара од нашите сограѓани – печалбари кои работеле во Ирак и Авганистан – за периодот од 2020 до 2025 година е исто како Safe City системот да почне официјално по 1 февруари, а потоа државата да бара граѓаните да ги платат сите прекршоци направени во декември и јануари, иако тој период беше најавен како тест-фаза“. 
Според Ристовски, се воведува правило или систем, се создава впечаток дека има транзициски/тест период, а потоа ретроактивно се бара наплата. Ова спроед него е неправедно и правно и морално.
Инаку за денеска во Куманово е најавен протест пред зградата на Управата за јавни приходи (УЈП), поради барањето на ретроактовно оданочување на граѓаните кои имале приходи од странство од 2020 година наваму.
Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања рече дека биле испратени 10.000 покани до граѓаните да го платата данокот на приход остварен во странство.

Слично

Поврзани вести