Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЌТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ: Во колку држави можеме да патуваме без визи?

МОЌТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ: Во колку држави можеме да патуваме без визи?

Со македонскиот пасош без виза може да се патува во 124 држави. 

Henley & Partners македонскиот пасош го рангираше на 47-мо место, а неговите носители може да патуваат без виза во 124 земји.

На првите позиции  се Јапонија, Сингапур, Јужна Кореја и Германија.

Од земјите во регионот, највисоко е позициониран грчкиот пасош и тоа на осмо место. Потоа следуваат: Словенија (12), Бугарија (18), Хрватска (19), Србија (40), Црна Гора (47), Босна и Херцеговина (52) и Албанија (54).

На дното на листата се најде Авганистан, чии државјани може да патуваат без визи само во 26 земји во светот. Потоа следуваат: Ирак, Сирија, Пакистан и Сомалија.

Македонскиот пасош лани беше помоќен од албанскиот, косовскиот, босанскиот. 

Македонците во 125 земји можеа да патуваат без визи. 

Слично

Поврзани вести