Силјановска ветува промени во државата
Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова објави видео со кое ветува промена.
„Нема правда, ниту пак има мир. Една жена ветува промена. Таа е лицето на вистината, заштитничка на граѓаните. Ја сака Македонија“, се наведува во видеото.
Видеото е објавено на официјалниот профил на Силјановска. Во него се гледаат инсерти од протестите за името, протести по убиството на Никола Саздовски, има потсетување на убиството Смилковско езеро, и други убиства. Во видеото се ветува дека професорката ќе биде заштитник на граѓаните.
Слично
