МОЌНИОТ АНТИЦИКЛОН „ЗЕВС“ ПРИВРЕМЕНО ЌЕ ЈА „УБИЕ“ ЗИМАТА: Ќе донесе високи температури над 15 степени
Метеопрогнозерот
Славчо Попоски најавува дека следната седмица во цела Европа пристигнува силниот антициклон
“Зевс“, за кој како што вели на некое време ќе ја „убие“ зимата и ќе донесе невообичаено високи температури насекаде низ
континентот, дури и над 15 степени.
-Во центарот на овој антициклон воздушниот притисок ќе биде многу висок (дури 1035 хехтопаскали). Едно е сигурно, до 6-7 февруари вистинска зима и нови врнежи од снег ширум континентот не се очекуваат, што значи дека ќе има недостаток на врнежи, како од дожд, така и од снег. Кај нас во Македонија овој антициклон кон средината, и крајот на следната седмица ќе ги покачи максималните дневни температури кога тие ќе достигнат во интервалот од 7 до 16 степени, но од друга страна наутро ќе биде многу студено како што и претходно кажавме и температурите во утринските часови кај нас ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени. Ќе има места каде наутро температурите на воздухот ќе се спуштат и под -10 степени, со што очекуваме и појава на силен утрински мраз. Од средината на следната седмица ќе имаме и многу сонце, па токму поради ведрите ноќи и утра и температурите ќе бидат многу ниски, вели Попоски во послдната метеопрогноза.
