Мојсоски: Затворениците во Идризово подметнале пожар за да го снимат видеото со штабот
Боби Мојсоски, директорот на затворот во „Идризово“, во претпладневниот „Утрински брофинг“ вели дека затворениците предизвикале мал пожар за да им го пренасочат вниманието на чуварите и да можат да снимат и да објават видео од таканаречен импровизиран партиски штаб.
- Во акција во петокот им беа одземени два мобилни телефони и сите реквизити кои ги имаа, а за водачот и за чуварите од тој спрат ќе има санкции, рече Мојсовски.
Тој смета дека рекцизитите со партиски обележја некогаш биле внесени со пакетите со храна и средства за хигиена кои ги примаат осудениците во затворот.
- Ве уверувам дека не се работи за ран почеток на политичка кампања. Самите затвореници имаат право на глас. Се работи за петтото крило, во кое има најголем број на затвореници, додава Мојсоски.
