Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мојсоски и Ристовски од ракометни соиграчи до политички ривали

Мојсоски и Ристовски од ракометни соиграчи до политички ривали

Централниот одбор на СДСМ синоќа, мешудругото, донесе одлука да го назначи Наумче Мојсовски за претседател на партиска Комисија за спорт, со што ракометарот и официјално доби партиска функција.

Пред нешто повеќе од еден месец пак претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека формирал тим од стратешки соработници а меѓу нив се најде и името на ракометниот репрезентативец Борко Ристовски како стратешки соработник од областа на спортот.

Мојсовски, кој претходно неколку пати говореше на јавни настани организирани од власта и од владеачката партија, со ристовски беше поранешен соиграч во Металург а со националниот ракометен тим го забележаа најголемиот успех, освојуваќи го петтото место на Европското првенство во 2012.

Слично

Поврзани вести