MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода
На социјалните мрежи се шири вознемирувачка снимка на која се гледа како маж тепа бремена жена за време на видео „во живо“ сесија на „ТикТок“, за што реагира и пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.
Пратеничката чија партија кон крајот на 2024 година поднесе и законско решение за отстранување на оваа правна пречка, остро реагираше на својот Фејсбук профил:
„Психопатов е приведен во МВР, но жената од страв одбива да иницира предлог за кривично гонење, затоа што телесна повреда при семејно насилство се гони по предлог на жртвата. Страшно е што против овој лик веќе има судска постапка од друга жена што ја тепал, но нема пресуда и ликот шета на слобода. Со гнев морам да кажам дека со моменталните закони нема како да се помогне на оваа жртва, затоа што власта не гласаше вакво дело да се гони без согласност на жртвата (затоа што предлогот беше од Левица). На органите на прогон им се врзани рацете! Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаа за предлогот на Левица ја носат на совест оваа жена на која животот и' е во опасност?! Премиерот Христијан Мицкоски ако има совест уште утре пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да поднесе измена на Кривичниот законик, а пратеничката група на Левица веднаш ќе го поддржи предлогот!” - апелираше пратеничката Мојсоска.
Инаку, се работи за маж од Радовиш.
