Мојсоска: Изгледа Агелер има амбиции како поранешниот амбасадор во Косово, откако го излобира најскапиот автопат, се вработи во Бехтел
Дали Анџела Агелер претендира по завршување на дипломатската кариера да си обезбеди место во познатиот конзорциум „Бехтел и Енка“? Ова прашање се наметнува ако го читате постот на членката на политичката партија „Левица“, Јована Мојсовска.
Мојсоска на својот Твитер профил посочува дека Агелер има амбиции како и поранешниот амбасадор во Косово, Кристофер Дел, кој, според нејзините пишувања, по завршување на диполоматските обврски се вратобил во компанијата
- Изгледа Агелер има амбиции како поранешниот амбасадор во Косово КРИСТОФЕР ДЕЛ, кој откако го излобира најскапиот автопат, се вработи токму во корпорацијата Бехтел. Излобираниот автопат во Косово достигна сума од речиси 17 милиони долари за еден км (повторно со таен договор).
Изгледа Агелер има амбиции како поранешниот амбасадор во Косово КРИСТОФЕР ДЕЛ, кој откако го излобира најскапиот автопат, се вработи токму во корпорацијата Бехтел.
— Мојсоска (@Mojsoskata) May 18, 2023
Излобираниот автопат во Косово достигна сума од речиси 17 милиони долари за еден км (повторно со таен договор). pic.twitter.com/OiQbx7BFdD
Нејзиниот пост вообичаено предизвика и „твитерџиски“ коментари. Твитерџиите повторно се покажаа во своето најдобро светло, па дел од нив со интигрантни коментари на постот.
Фото: Принтскрин/Твитер
