Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

Реакција на пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, во однос на ‘отвореното писмо’ на албанските интелектуалци за двојазичноста:

- Очигледно е дека овие таканаречени интелектуалци немаат проблем да газат по принципите на европските вредности, кога се во прашање нивните великоалбански идеи. Иако Венецијанската комисија е децидна за т.н. Закон за ДВОЈАЗИЧНОСТ, некои си "интелектуалци" пратиле писмо да не се чепка овој закон. Па, што ако законот е анти-европски?!

Но, целата албанска политичка елита (од професори, аналитичари до партии) и тоа како ревносно убедуваше дека Македонците треба да се откажат од својот идентитет во име на европските вредности!

Па цела плејада од албанското малцинство убедуваа дека Преспански и Бугарски договор треба да се прифатат, во име на поголемата цел - ЕУ. НО, кога е во прашање албанскиот јазик, за нив европските стандарди не се поголема цел. И повторно се докажува дека албанскота политичка елита НИТУ ЕДНАШ не се солидаризира со македонскиот народ кога е загрозен македонскиот идентитет.

Приказните за соживот се празни флоскули - се додека албанскиот политички естаблишмент системски и посветено работи на ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА на Македонија.


Слично

Поврзани вести