Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЈОТ СИН МЕ ЗАМОЛИ ДА НЕ МУ БИДАМ ПРЕЧКА ВО НЕГОВИОТ БИЗНИС - Али Ахмети откри дека УЈП влегла во контрола на неговата фирма во петокот

МОЈОТ СИН МЕ ЗАМОЛИ ДА НЕ МУ БИДАМ ПРЕЧКА ВО НЕГОВИОТ БИЗНИС - Али Ахмети откри дека УЈП влегла во контрола на неговата фирма во петокот

Лидерот на ДУИ Али Ахмети буквално ја шокираше јавноста во свој телевизиски настап, односно во негово интервју за ТВ 21.

Тој тврди дека во петокот Управата за јавни приходи ја влегла во компанијата на неговиот син. Неговите деца, како што рече, работат согласно закон, и не биле поштедени од редовни контроли и инспекции.

-Еве конкретно вчера УЈП влезе во целосна контрола во компанијата на мојот син. Тоа е во ред. Нека проверат се што имаат и истовремено ги повикувам од УЈП, финансиската полиција, јавното обвинителство, сите нека проверат се што е спорно со компаниите на моите роднини, вели Ахмети во интервју за ТВ 21.

Сепак тој истакнува дека неговото семејство се соочува со сериозни напади и закани во последните години. Исто така тврди дека постои и, како што вели, нацистичка кампања против него и ДУИ.

-Се работи за добро смислена кампања против мене лично и против Демократската унија за интеграција. Дури можам да кажам дека се работи за нацистичка кампања затоа што сметаат дека ДУИ и Албанците ќе им ја земат државата и економијата, рекол Ахмети во интервјуто.

Тој обвинува дека има сериозни напади кон неговото семејство и дека со тоа се соочуваат последните неколку години.

-Моите деца факултет завршиле во Македонија, додека магистерски студии надвор од државата. Мојата ќерка Ускана сега е на докторски студии во Виена, додека синот Шкумбин сега се занимава со бизнис тука во државата. Ме замоли, да не му пречам јас, но и да не бидам јас пречка за да тој може да го развие својот бизнис – вели Ахмети.

Слично

Поврзани вести