Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЈОТ ПАТ НЕ БЕШЕ ЛЕСЕН, НО ЗАЕДНО ГО ЧЕКОРИМЕ СО СОПРУГОТ - од успешен модел и манекенка, Ана стана лекар во Германија

МОЈОТ ПАТ НЕ БЕШЕ ЛЕСЕН, НО ЗАЕДНО ГО ЧЕКОРИМЕ СО СОПРУГОТ - од успешен модел и манекенка, Ана стана лекар во Германија

Ана Коцева, една од нашите најангажирани и најубави манекеки, модните писти, фотосесиите, снимањата реклами и музчки спотови сега ги замени со нешто сосема друго. Таа веќе две години живее во Германија и работи како лекар во Црвениот крст. Вели дека уште како студент на Медицинскиот факултет во Скопје, сакала да научи за работните искуства од областа на медицината во повеќе земји.

Убавата Ана, од пред две години е мажена за својот долгогодишен партнер и сега живеат заедно во градот Bad Wildungen. Иако вели дека сонувала за голема свадба со најблиските, Ковид пандемијата ѝ ги сменила плановите.

- Отсекогаш, уште на факултет сум сакала да одам на конгреси во други држави.Ме исполнувало времето да научам нешто друго, пред сè мислам дека искуството е нешто што те прави побогат од сè. Планот за Германија го направив со мојот сопруг. Заедно решивме да си бидеме поддршкаа. Прво замина тој, а јас го посетував и потоа се преселив и јас. Мислам дека Германија како земја е многу студена и со многу правила и закони. Тоа што сме заедно тука сме многу посилни и мислам дека без тоа немаше да можам да живеам тука“, ни раскажа Ана и додаде:

- Се одлучивме за помал град, сметам за старт тоа е подобра опција. Голем град ми преставуваше само поголем хаос. Но, секогаш наоѓаме време да уживаме во заедничките прошетки, и откривање на нови места. Интересен факт е што мислам дека луѓето што се селат овде, Германија како земја ги учи да ја сакаат природата. Да октриваат нови места, од река до езерца и брани. Ние на пример секогаш пред сè би посетиле некој природен парк отколку добар локал .Иако сме од голем град, научени на хаосот кој го создава големиот град“, открива Ана.

За неа, Германија е земја каде што многу се работи и каде што навистина се бара посветеност. Вели дека некогаш главниот шопинг ѝ е до маркет, бидејќи се пазари најчесто на неделно ниво. Потоа со сопругот сака да се напие кафе во домашна атмосфера и денот полн со обврски брзо ѝ поминува.

- Само две години сум тука а сопругот повеќе, меѓутоа и јас скоро секој месец доаѓав и претходно. Не сакам никогаш да си дозволам да звучам како некишто си заминале и ја плукаат земјата од каде што дошле, колкуи да биле незадоволни. Бидејќи сметам дека секој длабоко во себе има парче од таа земја што секогашќе стои врежано“, вели Ана.

Раскажува дека Германија веќе станала земја што секој студент уште во процесот на студирање ја замислува како потенцијално место за живеење. Со нас го сподели своето искуство за нејзината работа како лекар за време на пандемијата.

Повеќе детали на Женски магазин

Слично

Поврзани вести