Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОЈАТА СЕСТРА УШТЕ НЕ Е НАЈДЕНА - млада велешанка вчера исчезнала, семејството бара помош

МОЈАТА СЕСТРА УШТЕ НЕ Е НАЈДЕНА - млада велешанка вчера исчезнала, семејството бара помош

Млада велешанка на возраст од 29 години исчезнала вчера утрото од својот дом и ја нема се уште да се врати.

Станува збор за Александра Скорниева, чија сестра Елена се обидува да ј најде на секој можен начин, па дури и преку социјалните мрежи. 

„Мојата сестра Александра Скорниева го напушти домот во 8.15 часот и сеуште се нема вратено. Носи црна кожна јакна, темни фармерки и црни патики. Доколку некој ја има видено ве молам нека ме исконтактира на број 072/579-619“, ова пред 15 часа на својот фејсбук профил го објави Елена. 

Пред три часа таа напиша нов статус

„БИДЕЈЌИ МОЈАТА СЕСТРА СЕУШТЕ НЕ Е НАЈДЕНА, ВЕ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ ДА НИ ПОМОГНАТ ДЕНЕС И НЕКА МЕ КОНТАКТИРААТ. БАРАЈТЕ ЈА ВО СИТЕ ПРАВЦИ НА ВЕЛЕС И НАДВОР ОД ВЕЛЕС, ВО ОКОЛИНАТА“, пишува Елена.

Многу граѓани веќе се нудат да помогнат преку социјалната мрежа фејсбук.

Нема повеќе информации кои се мотивите зошто младата девојка би го напуштила својот дом. 

Слично

Поврзани вести