Мој драг пријателе, почивај во мир: Градоначалникот на Штип се прости од доктор Стојановски
Со неверување и огромна тага ја примив веста дека нашиот драг пријател и колега, д-р Aлександар Стојановски, веќе не е меѓу нас. Не напушти голем човек, доктор, татко и пријател на сите штипјани, пишува градоначалникот на Штип доктор Сашко Нкилов.
„Изразувам искрено сочувство до неговото семејство. Почивај во мир мој драг пријателе и мој колега, вели Николов.
Д-р Александар Стојановски, поранешниот директор на Клиничката болница-Штип починал во Грција за време на својот годишен одмор. Според неофицијални информации, тој доживеал масивен срцев удар на плажа.
Штипјани, вознемирени од веста за младиот доктор, кој имаше само 45 години, велат дека д-р Стојановски живеел навистина здрав живот, со редовни спортски активности, но како што потенцираат, најверојатно срцевиот удар го добил поради претходниот стресен период.
Д-р Александар Стојановски функцијата директор на Клиничката болница Штип ја извршуваше до 2017 година, а во последниов период се посвети на специјализацијата, односно специјализираше гинекологија.
Слично
