Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОГЕРИНИ: Во Брисел на вечера како премиер доаѓа Заев

МОГЕРИНИ: Во Брисел на вечера како премиер доаѓа Заев

Лидерот на СДСМ и мандатар, Зоран Заев утре ќе присуствува на неформалната вечера на премиерите на шесте балкански држави што во Брисел ја организира високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини.

Поканата до Заев е испратена во својство на „определен за премиер“.

Претходно портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчич, не откриваше кој ќе биде поканет од Македонија на вечерата и дали тоа ќе биде Емил Димитриев или Зоран Заев. Целта на средбата е  да се разговара на ситуацијата и случувањата во регионот.

Во Брисел ќе присуствуваат и премиерите на Србија, Александар Вучиќ, на Црна Гора, Душко Марковиќ, Еди Рама (Албанија), Иса Мустафа (Косово) и Дениз Звиздиќ (Босна и Херцеговина). 

Слично

Поврзани вести