Могерини од Брисел испрати добра вест за преговорите Атина-Скопје
Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини изјавила дека Унијата е многу охрабрена во разговорите меѓу Скопје и Атина за прашањето на името.
Шефовите на дипломатиите на земјите членки, на чело со Могерини, во текот на неформалниот појадок утринава со министерот Никола Димитров и неговиот грчки колега Никос Коѕијас го разгледале напредокот во пронаоѓање на решение за името на Макеоднија, што би го одблокирало патот на Македонија во евроинтеграциите.
„Сите сме многу охрабрени со напредокот во разговорите меѓу Скопје и Атина за прашањето со името. Сите ќе работиме на поддршка за позитивен исход од овие важни преговори“, рекла Могерини.
Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Брисел разговараат за резултатите за самитот на лидери на ЕУ и Западен Балкан во Софија , но и за ситуацијата во Појсаот газа, а ќе се разгледаат и ситуациите во Иран и нуклеарната програма од која САД се повлече.
FM #Czaputowicz took part in working meeting of FMs with the participation of #Macedonia FM @Dimitrov_Nikola as a part of #FAC meeting in #Brussels
