- Кога ќе ја погледнете мапата на Европа, ќе видите дека Балканот е во Европа. Затоа, наместо терминот проширување, повеќе сакам да кажам повторно обединување на Балканот со Европа“, истакна Могерини и уште еднаш го истакна договорот постигнат меѓу Македонија и Грција.
Ова би можело да претставува ветар во грб за македонските надежи за добивање датум за преговори откако последните изјави на вицепремиерот Бујар Османи, премиерот Зоран Заев и министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски беа толкувани во песимистичка конотација дека ќе има уште едно одложување.
Пред неколку дена еврокомесарот за проширување Јоханес Хан рече дека би било неодговорно ако ЕУ не ги исполни ветувањата кон земјата и дека процесот на пристапување не може да биде еднонасочна улица ако земјата испорачува реформи и ЕУ мора да испорачаат кон неа.
Хан притоа потврди дека некои земји имаат резерви за пристапувањето на земјава, но се надева дека испорачувањето на клучните реформи ќе ги премисли и одлука на Советот во јуни ќе биде позитивна. Поради тоа, наведе тој, реформските напори мора да траат до последен момент, а претседателските избори да бидат слободни и фер.
