Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини: На Западен Балкан напнато, потребна е силна поддршка на ЕУ

Могерини: На Западен Балкан напнато, потребна е силна поддршка на ЕУ

Ситуацијата на Западен Балкан е напната и изложена на предизвици на внатрешен, регионален и глобален план и оттука е потребна силна и доверлива поддршка на Европската унија и интеграција на тој регион, изјавила денес во Брисел високата претставничка на Европската унија Федерика Могерини.

Таа во пресрет на заседанието на министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ пред новинарите рекла току за завршената посета на Западен Балкан, шефовите на дипломатиите, а потоа и водачите на ЕУ во четвртокот ќе ги извести дека „ситуацијата таму е изложена на предизвици на внатрешен план, регионално, како и глобално“.

„Но, тоа е регион“, како што нагласила, „кој во себе има способност, сила, да се одржи со тоа кредибилитетот на Европската унија тука да биде осведочено присутен“.

„Оттука очекува денес министрите како и за неколку дена лидерите на Европската унија да искажат силна и јасна определеност на Западен Балкан во смисла на убедлива перспектива за европска интеграција“, заклучила високата претставничка на ЕУ.

Слично

Поврзани вести