Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини ќе ја посети Македонија за да види до каде сме со реформите

Могерини ќе ја посети Македонија за да види до каде сме со реформите

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на почетокот на март ќе ја посети Република Македонија. 

Посетата ќе биде во рамки на мини - турнејата која ќе ја направи на Балканот. 

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, од 1 до 4 март, Могерини ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Република Македонија.

Таа изјави дека оваа нејзина мини-турнеја низ балканските држави е со цел да се осигура „неповратноста на процесот на интеграција на овие земји во Унијата“.

„За Европската унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион кој е во срцето на Европа, е клучен приоритет. Работам за да видам дека секој еден од нашите партнери на Западниот Балкан се движи напред на патот на реформите, да се движи кон Европската унија и да се обезбеди дека процесот е неповратен. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат од суштинско значење во овој контекст“ - вели Могерини.

За време на посетата на регионот, планирано е Могерини да се сретне со политичките власти, вклучувајќи ги и претставниците на владите, но и со претставници на политичките партии и на парламентите. Могерини ќе ги информира министрите за надворешни работи на ЕУ за оваа посета на Советот за надворешни работи идниот месец.  

Слично

Поврзани вести