Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини и Хан со честитка: Парламентарните партии сега да ги остават на страна поделбите

Могерини и Хан со честитка: Парламентарните партии сега да ги остават на страна поделбите

Европската унија утрово испрати честитка за новата Влада и премиерот,  Зоран Заев.

Шефицата на ЕУ дипломатијата, Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан го поздравија изборот на новата Влада и вети дека ќе ја поддржи нејзината работа:

„Го поздравуваме гласањето за новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев. ЕУ е подготвена да ја поддржи работата на новата Влада, како и опозицијата, за да се применат конструктивно сите делови од Пржинскиот договор и Итните реформски приоритети. Очекуваме сите парламентарни партии сега да ги остават на страна поделбите и да работат заедно за да се испорача заедничка реформска агенда која ќе биде од корист за целата земја. Клучно е исто така да се врати земјата на патот на европската интеграција, процес што граѓаните го сакаат и заслужуваат”- велат Могерини и Хан во честитките до Заев и новата Влада.

Утрово и амбасадата на САД и Стејт департментот упатија честитка до Владата и премиерот Заев. 

Слично

Поврзани вести