Могерини го повика Џафери да се издигне над етничките политики
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини го повика новоизбраниот собраниски претседател да се издигне над интеретничките политики.
Џафери од вчера се наоѓа во Брисел каде имаше неколку состаноци со претставници на ЕУ.
„Во текот на разговорите Високата претставничка Могерини ја повтори силната осуда на минатонеделното насилство во парламентот чија мета беа пратеници и новинари. Таа го поздравила изборот на Џафери за собраниски претседавач кој го избра парламентарното мнозиство и нагласи дека тоа е улога за која е неопходно да биде над партијата и интеретничките политики“, стои во соопштението од кабинетот на Могерини.
Во него пишува дека таа наведува дека „претседателот на собранието работи во корист на сите граѓани и заедници“.
„ЕУ е подготвена да работи со него, парламентот и сите други институции поради продолжување на итните реформски приоритети како и примена на договорот од Пржино. Високата претставничка и претставници исто така гледаат во она што претстои. ЕУ очекува од сите политички партии конструктивно да се ангажираат во политичкиот процес, вклучувајќи го и оној околу формирањето на владата, како и во работата на новиот парламент“, се наведува во соопштението.
Могерини го призна Џафери како претседател на Собранието во текот на инцидентот кој се случи на 27 април кога СДСМ и ДУИ одржаа паралелна парламентарна седница на која го избраа за претседавач, откако демонстранти упаднаа во зградата на Собранието.
