Могерини доаѓа во Скопје - ќе се обрати во Собранието
Високата претставничка за европска надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, на 19 месецов ќе се обрати во Собранието на Македонија.
Заедно со неа во земјава ќе пристигне и еврокомесарот за добрососедство Јоханес Хан. Нивната посета ќе се случи еден ден по објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија.
За содржината на извештајот и останатите прашања од интеграцискиот процес беше разговарано и на денешната средба во Брисел меѓу Могерини и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Османи ја запознал шефицата на европската дипломатија за спроведувањето на планот 3-6-9, како и за останатите пречки на патот на евроинтеграциите.
Слично
