Економија, финансии, бизнис

Контакт

Могерини доаѓа во Скопје - со кого ќе се сретне?

Могерини  доаѓа во Скопје - со кого ќе се сретне?

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини утре ќе биде во Скопје. 

Веќе се закажани средби со политичкиот врв и граѓанските асоцијации.

Таа денеска со резговори во Подгорица ја почнува турнејата низ земјите од Западен Балкан. 

На својата балканска турнеја  покрај Црна Гора ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија и Македонија.  Могерини ќе ги посети сите главни градови на Балканот, Тирана, Сараево, Подгорица, Приштина, Белград и Скопје. Целта на турнејата е запознавање со ситуацијата во регионот пред најавениот самит на Европската унија посветен на Западен Балкан .

Мислењето и заклучокот од посетата за напредокот на земјите кои ќе ги посети ќе биде претставен пред Советот на министри за надворешни работи на ЕУ на 6. март во Брисел.

Слично

Поврзани вести