Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Мое тело - божја сопственост“: Антикавсерите палеа маски пред Владата

„Мое тело - божја сопственост“: Антикавсерите палеа маски пред Владата

Се кршат човековите права и се дискриминираат оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат. Со вакви тврдења неколку стотици граѓани излегоа на протест денеска во Скопје. Со транспаренти „Заштити ја планетата, отстрани ја елитата“, „Мое тело - божја сопственост“, „Моето тело е мој избор“, „Стоп за присилна вакцинација“ и „Слободата нема цена“ го изразија своето незадоволство од мерките во земјава.

– Сите имате избор, бидете слободни, бидете дел од народот. Се кршат човековите права, ова е битка помеѓу злото и доброто, рекоа присутните.

Протестот почна пред Собранието по што продолжи пред Владата.

Антиваксерите тврдеа дека вакцините не штитат од коронавирусот, но и дека маските не се заштита од пренос. Дел од нив дури ги палеа маските.

Слично

Поврзани вести