Економија, финансии, бизнис

Контакт

Модернизирана читалната во студентскиот дом „Гоце Делчев“ со донација на Еуролник осигурување

Модернизирана читалната во студентскиот дом „Гоце Делчев“ со донација на Еуролник осигурување

Читалната во студентскиот дом „Гоце Делчев“ доби нов, модерен лик благодарение на компанијата „Еуролинк осигурување“ која финансиски го помогна модернизирањето на просторот во кој студентите учат. Новата читална, која беше уредена со донацијата на „Еуролинк осигурување“ од 8.500 евра,  денеска беше пуштена во употреба.

eurolink donacija

Станува збор запростор со површина од 160 квадратни метри,во блокот Б, на 6 кат, кој освен што има ново внатрешно уредување, доби и комплетно нов инвентар – маси, столици и библиотека, каде што студентитеможат да ги подготвуваат своите семинарски, колоквиуми и испити.

eurolnik doncija1

Проектот е дел од платформата на компанијата за корпоративна општествена одговорност: „Еуролинк – вашата врска со вистинските вредности“. Освен со финансиска донација, „Еуролинк осигурување“ се вклучи и со логистичка поддршка, како и со креирање идејно решение за уредување на внатрешниот простор на читалната.Целта на донаторската програма на „Еуролинк осигурување“ е да им се даде неопходната поддршка на студентите, а воедно како општествено одговорна компанија да даде свој придонес во подобрувањето на условите во самиот студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

Слично

Поврзани вести