Економија, финансии, бизнис

Контакт

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА: Македонија ќе соработува со Италија во полето на воената хеликоптерска авијација

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА: Македонија ќе соработува со Италија во полето на воената хеликоптерска авијација

На владина седница донесени се заклучоци во насока на модернизација на армијата и учество во НАТО мисија. 

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за одбрана за потребата на доделување договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор влада со влада помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република.

Овластена е министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во име на Владата на Република Северна Македонија, да го потпише Аранжманот помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија во име на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република, за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација.

„Согласно потребата за реформа на одбранбениот сектор и негова интеграција во НАТО, утврдена во Стратегискиот одбранбен преглед, како што е соопштено од Министерството за одбрана, се постапува по Долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО“, соопштија од Владата. 

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија, за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија.

Слично

Поврзани вести