Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Можам да го убијам Тричковски и око да не ми трепне“ - ЗНМ бара одговорност од Михајловски

„Можам да го убијам Тричковски и око да не ми трепне“ - ЗНМ бара одговорност од Михајловски

За заканата „Би можел да го убијам Бранко Тричковски и око нема да ми трепне“ упатена од актерот и политички активист Тони Михајловски кон контроверзниот колумнист ќе биде побарана одговорност од стра на Здружението на новинари на Македонија. Тие ги осудија заканите по живот и бараат од Јавното обвинителство да поведе кривична постапка.

„Говорот на омраза и повикувањето на насилство против новинари е асполутно неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на говорот. Смртните закани имаат за цел да ги вознемират новинарите и да се замолчи критиката во медиумите. Јавно повикуваме да престанат сите видови закани и притисоци против новинарите затоа што ваквиот насилнички говор не може да се смета како слобода на изразување туку е тешко кривично дело кое се казнува со затвор“, пишува во реакцијата на ЗНМ.

Од ЗНМ велат дека ќе се достави писмено барање за кривично гонење на Михајловски според членовите 144 и 394-Г од Кривичниот законик, откако Михајловски му се закани на Тричковски за неговите контроверзни јавно искажани ставови.

„Се надеваме дека обвинителството ќе ги цени нашите докази и ќе покрене истрага против Михајловски. Новата влада има законска и морална одговорност јавно да ги осуди ваквите закани и да воспостави ефикасен систем за казнување на насилството против новинарите. Одговорност на владата е да гарантира безбедна средина за работата на новинарите“, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Слично

Поврзани вести