Економија, финансии, бизнис

Контакт

МПЦ: Црквата од секогаш располагала со свој имот

МПЦ: Црквата од секогаш располагала со свој имот

Црквата од секогаш имала свој имот и е должна домаќински да управува со него за да опстојува, реагира МПЦ по повеќедневните реакции кои не стивнуваат откако даде свое земјиште во строгиот центар на Скопје спроти хотелот „Холидеј Ин“ во замена за станови од инвеститорот во рамките на новите градби што ќе никнат таму.

„Македонската православна црква е институција со најдолговековна традиција на постоење на овие простори. Тоа придонело Црквата да поседува свој имот со чие управување не се нарушени ниту црковните канони, ниту, пак, Божјите заповеди, а е во согласност со државните закони“, велат од Македонската православна црква.

Од таму тврдат дека Црквата мора домаќински да го стопанисува имотот, а преку тоа да може да ја извршува својата мисија и исконска примарна задача за доброто на својот верен македонски народ.

„Уште од најрани времиња, од апостолско време па до денес, луѓето кои ја сочинувале и управувале со Црквата, располагале со имоти кои биле користени за добробит на заедницата. Црквата е возглавена од Богочовекот Христос, но неа ја сочинуваат луѓе – верен народ, свештенство, монаштво и епископство. Како и секој човек што има потреба, а и долг кон Божјото создание (Бит. 1, 26-27), да се грижи за својата душа и тело, кое е храм на душата, така и ние како Богочовечки организам сме повикани да се грижиме за одржување на довереното од Бога, онака како што постапил верниот слуга кон својот господар и ги умножил талантите (Мат. 25, 14-28)”, пишува во соопштението од Светиот ариерејски синод на МПЦ-ОА.


Слично

Поврзани вести