МНР засега нема информации за повредени Македонци во Барселона
Владата на Македонија вечерва излезе со соопштение дека до 20.30 часот нема информации за повредени македонски граѓани во терористичкиот напад во Барселона.
Посочуваат дека комуникацијата со релевантните шпански институции е отежната поради сериозноста на ситуацијата, но од нашата амбасада во Шпанија прават напори да добијат редовни и прецизни информации за настанот и можноста за евентуални повредени македонски граѓани.
Притоа се посочуваат телефони од амбасадата каде што нашите граѓани можат да се јават за информации :
00 34 620 126 308 – број на претставник на македонска амбасада во Шпанија
00 34 932 142 124 – број од шпанските институции за информации за засегнати роднини или пријатели.
Шпанските медиуми досега не го објавија идентитетот ниту на загинатите ниту на повредените.
