Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР ЗА УДАВЕНИТЕ БИТОЛЧАНИ: Надлежните органи на Албанија работат на целосно расчистување на случајот

МНР ЗА УДАВЕНИТЕ БИТОЛЧАНИ: Надлежните органи на Албанија работат на целосно расчистување на случајот

Надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот, велат од македонското Министерство за надворешни работи. 

Според информации добиени од македонската Амбасада во Тирана, телата на двајца државјани на Република Северна Македонија се пронајдени починати во морето, близу Каваја.

„Двајца се мажи (М.М. и Ц.М.) од Битола. Според информациите од нашата амбасада во Тирана, надлежните органи на Република Албанија работат на целосно расчистување на случајот. Министерството за надворешни работи останува во контакт со албанските власти преку нашата амбасада“, велат од МНР.

Албанските медиуми јавуваат дека двајцата биле блиски пријатели кои на албанскиот брег дошле заедно со група од 52 туристи. 

Слично

Поврзани вести