МНР ЗА ПАЛЕЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО КОСОВО: Очекуваме утврдување на одговорност
Mинистерството за надворешни работа денеска го осуди палењето на македонското знаме во Гњилане и во Пеќ на Косово, како реакција откако судот ги изрече пресудите за случајот „Диво Насеље“.
„Министерството за надворешни работи изразува жалење и осуда на вчерашниот чин на палење на македонското знаме од страна на припадници на навивачки групи во Пеќ и во Гњилане, Република Косово. Очекуваме дека надлежните косовски служби ќе преземат активности за утврдување на одговорноста на сторителите“ - стои во реакцијата од македонското МНР.
Српската државна телевизија РТС вчера објави снимки на кои се гледа како жители на косовските градови Гњилане и Пеќ палат македонски знамиња поради одлуката на скопскиот Кривичен суд да осуди осум обвинети на доживотни казни затвор.
Ова не е прв случај на палење на македонското знаме во Косово. Слични инциденти имаше во повеќе наврати изминативе години.
