Економија, финансии, бизнис

Контакт

МНР ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА: Притисок врз гласачите е недопустлив

МНР ЗА ИНЦИДЕНТИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА: Притисок врз гласачите е недопустлив

Министерството за надворешни работи го осуди прекршувањето на правото на гласање во Австралија. 

МНР како институција директно поврзана со процесот на гласање на дијаспората во македонските Дипломатско-конзуларните претставништва, најостро го осудува објавувањето на снимки на социјални медиуми како и навредите кон македонски граѓани во Австралија, кои решиле да излезат и да гласаат на референдумот. 

„Ова претставува директно прекршување на основното демократско право на гласање, но и влијание врз референдумскиот процес, како и прекршување на правото на приватност за време на гласање. Каков било обид за влијание или притисок врз гласачите на денот на гласање за референдумот е недопустливо. Локалните власти во Австралија се веќе известени за немилиот настан. Овие сериозни прекршоци се недопустливи и во најбрз можен рок ќе се преземат сите законски мерки за санкционирање на чинителите“- соопштуваат од Министерството.

Оттаму повторуваат дека никој нема право да навредува и никој нема право да спречува и со тоа директно да влијае врз гласачкиот процес односно врз граѓани кои одбрале да го исполнат своето демократско право и да гласаат на референдумот.

Слично

Поврзани вести